Како што соопшти тој, руските напади врз енергетскиот сектор на Украина престанале, но дека Москва ги пренасочила врз логистиката и железничката мрежа
Украинскиот претседател Володимир Зеленски денеска рече дека е можно да се постигне траен и достоинствен мир со Русија и дека очекува Соединетите Американски Држави да останат посветени на обезбедување услови за дијалог.
„Веруваме дека е подготвен билатерален документ со САД за безбедносни гаранции и имаме намера да продолжиме со суштинската работа на документи поврзани со реконструкцијата и економскиот развој“,
кажа тој во обраќање на социјалните мрежи.
Според него, мерките за смирување на ситуацијата, кои стапија во сила минатиот петок, помагаат во зајакнувањето на довербата на луѓето во процесот на преговори и во можниот исход.
По кампањата на руски воздушни напади што сериозно го оштетија енергетскиот сектор на Украина, Кремљ минатата недела објави дека на барање на американскиот претседател Доналд Трамп, се согласува да се воздржи од напад врз Киев. Тоа барање Трамп лично го испрати до рускиот претседател Владимир Путин поради екстремно ниските температури во Украина.
Како што соопшти Зеленски, руските напади врз енергетскиот сектор на Украина престанале, но дека Москва ги пренасочила врз логистиката и железничката мрежа.
Последните големи напади врз Украина беа на 24 јануари.
Русите, Украинците и Американците неодамна започнаа разговори во Абу Даби за мировниот план на Трамп, а ќе ги продолжат на 4 и 5 февруари (среда и четврток).
