Украинскиот претседател потпиша барање за членство на Украина во Европската Унија, информираше заменик шефот на кабинетот на украинскиот претседател, Андриј Сибига.
„Зеленски потпиша историски документ – апликација за членство на Украина во ЕУ“,
напиша Сибига на Фејсбук.
Барањетого потпишал и премиерот Денис Шмигал.

Зеленски и претходно побара итен прием на Украина во ЕУ, а сега тоа го направи и со потпишување на овој официјален документ, од кој беа објавени и фотографии.