Зеленски откри дека САД и Украина се согласиле за нов мировен договор од 20 точки. Украинскиот претседател посочи дека оригиналниот план од 28 точки предложен од САД е преработен во нов договор по разговорите меѓу официјалните лица, објави „Индипендент“
Украинскиот претседател Володимир Зеленски рече дека најпредизвикувачките елементи на мировниот план се прашањето за територијата и парите, осврнувајќи се на замрзнатите руски средства во Европа, како и безбедносните гаранции, но дека сега повеќе од кога било постои шанса да се стави крај на војната, објави Би-би-си.

На прес-конференција во Даблин со ирскиот премиер Мајкл Мартин, Зеленски рече дека во понеделникот разговарал со американскиот претставник Стив Виткоф, кој денеска ќе се сретне со рускиот претседател Владимир Путин во Москва, и дека Украина сега ги чека резултатите од таа средба.
„Ќе реагирам на тие резултати, ако почувствувам дека можеме да сметаме на вистински, конкретен дијалог, ќе се сретнеме“,
рече тој.
Украинскиот претседател, исто така, рече дека разговарал со Мартин за користењето на замрзнатите руски средства и дека е крајно време да се искористат за поддршка на украинската војна и напорите за обнова.
„Крајно време е да се префрлат во Украина за да можеме сигурно да ја обезбедиме и нашата одбрана и закрепнување, бидејќи тоа би било од корист не само за нас, туку и за нашите партнери.
рече Зеленски.
Тој додаде дека Украина, исто така, смета на силни безбедносни гаранции и од САД и од Европа.
За мировниот план Зеленски рече дека некои работи сè уште треба да се разработат, но исто така рече дека САД преземаат сериозни чекори за да ја завршат војната на еден или друг начин.
Зеленски откри дека САД и Украина се согласиле за нов мировен договор од 20 точки. Украинскиот претседател посочи дека оригиналниот план од 28 точки предложен од САД е преработен во нов договор по разговорите меѓу официјалните лица, објави „Индипендент“.
„Сега повеќе од кога било, постои шанса да се заврши оваа војна“,
рече Зеленски.
Висок украински извор изјави дека украинска делегација би можела да се сретне со американскиот претставник Виткоф и зетот на Доналд Трамп, Џаред Кушнер утре, по нивните разговори во Москва во вторник.
„Украинската страна не го исклучува тоа и е подготвена да се сретне со нив“,
изјави извор за агенцијата Франс прес.
Тој ја спомена можноста за состанок во Брисел, каде што в среда ќе се состанат министрите за надворешни работи на НАТО.
Државниот секретар на САД Марко Рубио, нема да присуствува на состанокот.
