Веќе докажавме компатибилност со стандардите на алијансата, вели украинскиот претседател
Украина официјално поднесе „забрзана апликација“ за влез во НАТО, објави нејзиниот претседател Володимир Зеленски.

Неговата одлука беше објавена по церемонијата во Москва, каде што Русија официјално анектираше четири украински региони.
„Де факто веќе докажавме компатибилност со стандардите на алијансата. Тие се реални за Украина – реални на бојното поле и во сите аспекти на нашата интеракција. Си веруваме еден на друг, си помагаме и се штитиме. Ова е сојуз“,
рече Зеленски.