Русија пак од друга страга негира напади на цивили, а Украина претходно извести дека околу 100 000 луѓе не можеле да си заминат од градот
Претседателот на Украина, Володимир Зеленски, денеска рече дека од Мариупол повеќе не останало ништо, освен рушевини, додека Киев апелирал Москва да им дозволи на цивилите да се евакуираат од опколениот град.
„Таму веќе не остана ништо, само уранитини“,
рекол Зеленски во видеобраќање, пренесува Би-би-си.
Мариупол, клучната стратешка мета на Москва, со недели трпеше руско бомбардирање. Оттаму редовно се појавуваа информации дека жителите се соочуваат со недостиг на храна, лекови, струја или вода за пиење, а претходно Зеленски извести и дека двегодишно дете починало поради дехидрација.
„Уште еднаш стана јасно дека окупаторите не се заинтересирани за Мариупол. Тие сакаат да го срамнат со земја и од него да остане само пепел“,
додал Зеленски.
Русија пак од друга страга негира напади на цивили, а Украина претходно извести дека околу 100 000 луѓе не можеле да си заминат од градот.
Украина вчера одби ултиматум градот да се предаде како услов руските сили да ги пуштат цивилите на безбедно.