Украинскиот претседател вели дека нема да направи никакви територијални отстапки кон Русија – изјава дадена пред средбата меѓу Доналд Трамп и Владимир Путин на која ќе се зборува за војната во Украина
Зеленски, во објава на „Телеграм“, порача дека „Украинците нема да ја дадат својата земја на окупаторот“. Тој повтори дека Украина мора да биде вклучена во секое решение за мир и изјави дека е подготвен да работи со партнерите за вистински и траен мир.

„Украина нема да ја награди Русија за тоа што го направи. Одговорот на украинското територијално прашање веќе постои во Уставот на Украина. Никој нема и не смее да отстапи од тоа“,
напиша Зеленски.
Американскиот претседател Трамп најави дека идната седмица ќе се сретне со Владимир Путин, но и дека потенцијалното мировно решение може да вклучува територијални отстапки.