Украинскиот претседател Володимир Зеленски изјави денеска дека Киев нема желба да разговара со рускиот претседател Владимир Путин, но ќе мора да се соочи со реалноста дека тоа најверојатно ќе биде неопходно за да се стави крај на војната.
„Постојат работи за кои треба да се разговара со рускиот лидер. Не велам дека нашиот народ има желба да разговара со Путин, но мора да се соочиме со реалноста низ која минуваме сите заедно“,
истакна Зеленски за време на своето обраќање пред индонезиски интелектуалци.
Тој нагласи дека Украина од тој состанок очекува повторно да го врати животот во нормала во земјава.
„Сакаме да го вратиме животот на една суверена земја, на својата територија. Русија, се чини, сè уште не е подготвена да започне сериозни мировни преговори“,
додаде Зеленски.