Украинскиот претседател претходно во истото интервју нагласи дека до крајот на оваа година е можен крај на војната
„Можни се преговори меѓу Украина и Русија. Сепак, важно е да се обезбедат безбедносни гаранции од западните партнери“, изјави украинскиот претседател Володимир Зеленски во интервју за британската телевизија ИТВ.
Зеленски рече дека ќе биде подготвен за каков било формат на преговори со Русија доколку има јасни гаранции дека САД и Европа нема да ја напуштат Украина.

„Кога би имал сознание дека Америка и Европа нема да нè напуштат, туку дека ќе нè поддржат и ќе ни дадат безбедносни гаранции, би бил подготвен за секаков формат на преговори“,
рече тој.
Украинскиот претседател претходно во истото интервју нагласи дека до крајот на оваа година е можен крај на војната.
Тој веќе изјави дека е подготвен да преговара со рускиот претседател Владимир Путин, доколку тоа е единствената опција која ќе донесе мир за граѓаните на Украина.
Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека имал телефонски разговор со рускиот лидер Владимир Путин.
Сепак, портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков, изјави дека не може ниту да потврди, ниту да демантира дали воопшто се случил телефонски разговор меѓу претседателите на САД и Русија.
