На Украина ѝ се потребни сериозни држави кои се подготвени да одат до крај кога е во прашање гаранцијата за безбедност, изјави денеска украинскиот претседател Володимир Зеленски на државната телевизија.
Зеленски истакна дека сè уште нема конкретна листа на земји кои се 100 отсто подготвени да се заземат за Украина, додавајќи дека оваа земја моментално преговара за безбедносните гаранции со повеќе земји вклучувајќи ги и Франција, САД, Германија, Турција, Британија и Полска, пишува Си-ен-ен.
„Потребни ни се земји кои можат за 24 часа да ни испорачаат какво било оружје. Мора да се работи за држави кои имаат реално влијание на одерување санкции и кои се подготвени на мобилизација штом ќе ни се закани Руската Федерација“,
рече Зеленски.
Тој истакна дека тие земји би се здружиле и за два три дена буквално би ја блокирале Русија воведувајќи санкции.
Околу членството на НАТО, Зеленски рече дека Украина би станала дел од Алијансата, дури и ако неприклучувањето е услов на мировните преговори со Русија.
„Ако утре ни се понуди членство во НАТО, без притоа да ги ризикуваме животите на граѓаните, тогаш ќе прифатиме да им се приклучиме“,
додава Зеленски.