Русија претходно најави дека драстично ќе ја намали воената активност насочена кон Киев и Чернихив
Украинскиот претседател Володимир Зеленски рекол дека иако иницијалните знаци од мировните преговори се позитивни, сепак, тие не прават да стивнат руските експлозии, пренесува Би-би-си.
Украинскиот претседател Володимир Зеленски вечерва ги коментирал денешните мировни преговори со Русија во Истанбул, пренесува Би-би-Си.
Зеленски рекол дека неговата земја може да верува само на конкретни резултати од какви било преговори.
Исто така, Зеленски ветил дека Украина нема да ги намали своите одбранбени напори пред руската војска која и натаму има значаен потенцијал да продолжи да напаѓа.
Украинскиот претседател повикал на внимание и по повод руската најава за „намалување на воените операции во близина на Киев“ и рекол дека тоа не значи крај на војната.
„И покрај преговорите, состојбата не е полесна“,
додал Зеленски.
Русија претходно најави дека драстично ќе ја намали воената активност насочена кон Киев и Чернихив. Сепак, САД тврдат дека руските трупи кои се оддалечуваат од двата града само се прераспоредени во другите делови на Украина.