Украина им е благодарна на Соединетите Американски Држави, на секое американско срце, а особено на претседателот Трамп – наведе Зеленски на објава на Телеграм

Претседателот на Украина, Володимир Зеленски, се најде повикан да одговори на прозивките на неговиот американски колега Доналд Трамп и посочи дека неговата земја им е благодарна на Соединетите Американски Држави и на Трамп за нивните напори да го поддржат Киев.
„Украина им е благодарна на Соединетите Американски Држави, на секое американско срце, а особено на претседателот Трамп за помошта што почнувајќи со ракетите ‘џавелин’, спасува украински животи“,
напиша Зеленски на социјалната мрежа Телеграм откако Трамп рече дека украинското раководство изразило нулта благодарност за американската помош.
Зеленски, исто така, изрази благодарност до Европа, Г-7 и Г-20 за нивната помош.
„Затоа работиме толку внимателно на секоја точка, на секој чекор кон мирот. Сè мора да биде правилно осмислено за да можеме навистина да ја завршиме оваа војна и да спречиме таа да се случи повторно“,
напиша Зеленски.
