Претходно, Зеленски предложи првата вицепремиерка Јулија Свириденко да биде премиер на Украина и да ја предводи новата влада, создавајќи услови за политички преуредувања во услови на сè помрачни перспективи за завршување на војната со Русија

Украинскиот претседател Володимир Зеленски денеска го предложи поранешниот премиер Денис Шмихал за нов министер за одбрана на земјата и рече дека неговото искуство ќе биде корисно во новата украинска влада.
„Огромното искуство на Денис Шмихал дефинитивно ќе биде корисно на функцијата министер за одбрана на Украина. Ова е областа каде што ресурсите на земјата се максимални, каде што има максимални задачи и голема одговорност. Сметам на доволна поддршка од нашите пратеници за новата конфигурација на украинската влада. И важно е владата брзо да спроведе ревизија на сите договори со нашите партнери – што функционира, а што треба да се ревидира или зајакне“,
рече Зеленски во своето вечерно видео обраќање.
Претходно, Зеленски предложи првата вицепремиерка Јулија Свириденко да биде премиер на Украина и да ја предводи новата влада, создавајќи услови за политички преуредувања во услови на сè помрачни перспективи за завршување на војната со Русија.