Украинскиот претседател Володимир Зеленски ја одбил понудата на Вашингтон да го евакуира од Украина, пишуваат американските медиуми. Зеленски рече дека „борбата е тука“ и дека „нему му треба муниција, а не транспорт“, објави Асошиетед прес.
„Вашингтон пост“ ги цитираше американските и украинските претставници кои велат дека американската влада е подготвена да му помогне на Зеленски.
Претходно, Зеленски одржа драматичен говор во кој вети дека ќе продолжи да се бори.
„Кога ќе не нападнете, ќе ги видите нашите лица. Не нашите грбови“. Сите сме тука, рече тој, така и ќе останеме“
рече Зеленски.