Украинските специјалисти неодамна пронајдоа многу електронски компоненти од Кина во руски борбени дронови произведени во Иран
Украинскиот претседател Володимир Зеленски ги повика западните партнери да преземат построги мерки против продажбата на забранети електронски компоненти за борбени дронови и ракети на Русија, објави ДПА повикувајќи се на неговото вечерно видео обраќање.

Зеленски рече дека разговарал со амбасадорите на земјите членки на ЕУ во Киев, покажувајќи им делови од соборени руски борбени дронови и ракети.
„Ниедна од овие ракети или дронови ‘шахед’ не можеше да се создаде без компоненти од други земји добиени во Русија преку разни шеми за снабдување. Секоја таква шема за снабдување мора да биде блокирана и тоа зависи од нашите партнери“,
рече украинскиот претседател.
Украинските специјалисти неодамна пронајдоа многу електронски компоненти од Кина во руски борбени дронови произведени во Иран.
Пекинг не учествува во технолошки санкции против својот сојузник Москва, забележува ДПА. Сепак, компоненти од европски земји или САД се наоѓаат и во многу руско оружје, иако нивниот извоз во Русија е забранет.