„Ова го кажувам уште од почетокот на војната со Русија. Членството во НАТО ќе значи дека ја исполнив мојата мисија“, изјави украинскиот претседател
Украинскиот претседател Володимир Зеленски вели дека е подготвен да поднесе оставка од функцијата доколку во замена неговата земја стане членка на НАТО. Во тој случај, како што рече, би ја исполнил својата мисија.

Тој ова го кажа синоќа во изјава за британските медиуми по самитот во Лондон, прашан дали ќе поднесе оставка како што тоа по средбата со Доналд Трамп го побараа дел од републиканските сенатори.
„Реков дека сум подготвен да заминам во замена за членство во НАТО. Ова го кажувам уште од почетокот на војната со Русија. Членството во НАТО ќе значи дека ја исполнив мојата мисија“,
рече Зеленски во изјава за медиумите во Британија.
Сепак, рече дека нема да може да биде лесно сменет бидејќи не е доволно само да се одржат избори.
„Не е доволно само да се одржат избори. Мора да ме спречите да учествувам, а тоа ќе биде малку потешко“,
рече Зеленски.
Изјавата на украинскиот претседател следува откако неколку републиканци, меѓу кои и сенаторот Линдзи Греам, изјави дека претседателот на Украина, Володимир Зеленски, треба или суштински да се промени или да си поднесе оставка. Сенаторот ова го кажа по тензичната средба на Зеленски и Трамп во петокот, по која американскиот претседател изјави дека Зеленски не е подготвен за мир.