Неколку месеци без работа се дефинитивно подобри за вас отколку цел живот меѓународен прогон, им порача украинскиот претседател во обраќањето ноќеска
Украинскиот претседател Володимир Зеленски ги повика директно високите руски функционери и медиумски личности да поднесат оставки од своите позиции и да заземат став против руската инвазија на Украина.
За време на ноќното обраќање од Киев, Зеленски директно им се обрати на сите официјални претставници на Руската Федерација.
„Ако останете на функциите, ако не ѝ се спротивставите на војната, меѓународната заедница ќе ве лиши од сè. Сè што сте заработиле со годините. Ова веќе се прави. Истото важи и за пропагандниот систем. Четвртата гранка на власта во Русија. Дадете отказ! Неколку месеци без работа се дефинитивно подобри за вас отколку цел живот меѓународен прогон“,
им порача тој.