Силните експлозии во близина на местото на нуклеарната централа Хмелницки ги оштетиле прозорците во текот на ноќта, но не влијаеле на работата на централата или на нејзиното поврзување со мрежата, соопшти нуклеарната надзорна агенција
Украинскиот претседател Володимир Зеленски изјави дека денешниот напад со руски беспилотни летала во регионот Хмелницки, најверојатно бил насочен кон областа на нуклеарната централа и дека тоа е доказ дека на Русија ѝ се потребни построги санкции.
„Најверојатно цел на овие напади е нуклеарната централа Хмелницки. Ударниот бран од експлозијата ги потресе прозорците, вклучително и просториите на нуклеарната централа“,
рече Зеленски.
Тој додаде дека секој руски напад, особено оној што ќе се осмели да цели на нуклеарна централа и други критични објекти, служи како доказ дека притисокот врз терористичката држава е недоволен.
Силните експлозии во близина на местото на нуклеарната централа Хмелницки ги оштетиле прозорците во текот на ноќта, но не влијаеле на работата на централата или на нејзиното поврзување со мрежата, соопшти нуклеарната надзорна агенција. Експлозиите привремено ја прекинаа струјата на некои станици за следење на радијацијата, соопшти Меѓународната агенција за атомска енергија (МААЕ).
„Фактот што беа уништени многу прозорци покажува колку блиску се случи експлозијата. Нема да имаме таква среќа следниот пат“,
заклучи директорот на МААЕ, Рафаел Гроси.