За тројцата кандидати – Ковачевски, Фросина Ременски и Јован Деспотовски вели дека се долгогодишни и искусни партиски членови и смета дека треба да има повеќе време за кампања, да можат кандидатите да се претстават пред членовите и симпатизерите на партијата
Не е исклучок и во другите политички партии лидерот да го избере својот наследник, односно кандидатот за наследник за кој смета дека најмногу ќе придонесе за зачувување на она што значи партиско единство, вели поранешниот организациски секретар на СДСМ, Миле Зечевиќ, кој најави кандидатура за лидер на СДСМ, но потоа се повлече.
„Претпоставувам дека господинот Заев од повеќе аспекти ги оценил и проценил сите идни ситуации и застанал зад кандидатот Димитар Ковачевски“,
рече Зечевиќ во интервју за „Утрински брифинг“ на на „Слободна ТВ“, одговарајќи на прашањето дали е фер што лидерот на СДСМ, Зоран Заев, застанал зад еден од кандидатите за нов лидер на партијата.
Како долгогодишен член на партијата, тој говореше и за, според него, погрешните чекори во партијата во досегашното постоење.
„Се качуваме накај планината забораваме на оние што тргнале со нас по патот додека стигнеме до врвот. И тоа е едно лошо правило. Најважно е внатрешната организација да ја направиш врз принципи каде што ќе го почитуваш секој поединец и нема да заборавиш кој ти помогнал и на каков начин. Имавме плејада на луѓе кои застанаа зад политиките на СДСМ во 2013 година и претходно се до 2017 година. Кога се презема власта во една тешка и специфична ситуација со два проблеми. Во оперативните капацитети мора да покажете апсолутно нешто што им е потребно на граѓаните. Граѓаните може не ги разбираат клучните придобивки од НАТО и ЕУ. Но ние се компарираме, сакаме квалитетен живот, добри улици, квалитетна храна, да живееме во еден простор кој личи и приличи на европско живеење“,
рече Зечевиќ.
За тројцата кандидати – Ковачевски, Фросина Ременски и Јован Деспотовски вели дека се долгогодишни и искусни партиски членови и смета дека треба да има повеќе време за кампања, да можат кандидатите да се претстават пред членовите и симпатизерите на партијата.