Во партиското седиште на СДСМ денеска се изврши примопредавање на функцијата генерален секретар на партијата. Миле Зечевиќ е новиот генерален секретар – позицијата ја наследи од Љупчо Николовски.

Зеќевиќ беше избран за генерален секретар на последната седница на Централниот одбор на која беа утврдени и новите потпретседатели на партијата, како и новиот состав на Извршниот одбор.
