Во врска со тоа дали започнале внатрепартиски дискусии и консултации околу кандидатот со кој ќе настапи СДСМ на претседателските избори, Зеевиќ вели дека таа фигура треба да биде со исклучителна морално-политичка вертикала во себе, со визија и одважност да ги претставува вредностите на македонската Република
Нема причина зошто воопшто да се спојуваат претседателските и парламентарните избори, јасно се издвоени изборите едни од други и има зошто се така одвоени. Зошто волјата на граѓаните да ја калкулираме со продолжување или скратување мандати, вели генералниот секретар на СДСМ, Миле Зечевиќ, во интервју за Фокус.
На прашањето дали стратегијата на СДСМ за одвоени избори е поради јавно објавените анкети кои покажуваат повисок рејтинг на ВМРО-ДПМНЕ и дали целта на СДСМ е со помош на поголемиот коалициски потенцијал да се обиде да победи на претседателските избори со што би ја свртите ситуацијата на парламентарните избори потоа, Зеќевиќ одговара дека нема некоја посебна тајна.
„Секако дека секоја партија си гради своја стратегија. Ние постојано работиме на внатрешниот капацитет, но и на надворешниот – коалицискиот капацитет. Ги следиме рејтинзите, секако, ги имаме предвид и околностите, период на посткризи, ковид и енергетска криза, донесените тешки одлуки и слично. Но, на крајот изборите се главната анкета. Многу фактори денеска имаат едно влијание, но ако се во интерес на државата, потоа имаат позитивно влијание. Не е ова бајка во која сакам некој да верува, ова е реалност“,
вели Зечевиќ потсетувајќи дека и во минатото ВМРО-ДПМНЕ имала голема предност во некои анкети, но на избори сликата била поинаква.
Во врска со тоа дали започнале внатрепартиски дискусии и консултации околу кандидатот со кој ќе настапи СДСМ на претседателските избори, Зеевиќ вели дека таа фигура треба да биде со исклучителна морално-политичка вертикала во себе, со визија и одважност да ги претставува вредностите на македонската Република.
„СДСМ ќе го избере најдобриот, победничкиот кандидат за претседателските избори, преку соодветна процедура. Секако дека ќе следуваат и консултации со нашите коалициски партнери. Уште од сега можам да најавам дека две работи се сигурни: прво, кандидатот на СДСМ ќе биде следниот претседател на државата; и второ, Македонија ќе има мирно море уште пет години, цврсто држејќи го кормилото на напредокот и државниот успех“,
истакнува генералниот секретар на СДСМ.