Здравствените власти велат дека има само лесно зголемување на нови случаи во Скопје и во Тетово. Во Тетово, нагласуваат, тоа се должи на непочитување на протоколите за свадби и други семејни веселби
Министерството за здравство и официјално потврди дека Комисијата за заразни болести во моментов останува на досега препорачаните мерки што значи дека нема да се воведуваат нови рестрикции.
Меѓутоа, нагласуваат оттаму, мерките би се заостриле во моментов кога ќе се укаже потреба за тоа.
Од Министерството велат дека има само лесно зголемување на позитивните случаи со ковид-19 во Скопје и Тетово, но и покрај тоа ситуацијата е стабилна.
„Според анализите во Тетово ширењето на вирусот е поради непочитување на препораките и протоколите при организирање семејни веселби и друг тип веселби во затворен простор. И покрај бројот на активни случаи и позитивни од тестирани за Ковид 19, состојбата е стабилна, а во болниците нема притисок од хоспитализации“,
велат од Министерството за здравство.
