Здравствените работници бараат средба со министерот за здравство Фатмир Меџити за да му ги соопштат проблемите, но доколку тоа не се случи најавуваат мирен протест на 24 ноември пред Министерството за здравство, а на 2 декември протестен марш до Владата
На неколку локации низ Скопје денеска дел од здравствените работници изразија незадоволство поради состојбите во здравството.
Здравствените работници бараат средба со министерот за здравство Фатмир Меџити за да му ги соопштат проблемите, но доколку тоа не се случи најавуваат мирен протест на 24 ноември пред Министерството за здравство, а на 2 декември протестен марш до Владата.

„Бараме зголемување на платите од 30 проценти на докторите и медицинскиот персонал, како и за јавната администрација во медицинските установи и за техничкиот персонал. Бараме и покачување на инфективниот додаток од еден на четири проценти, регулирање на статусот на времено вработените лица и нивно вработување на неопределено, ревидирање или нов колективен договор и средба со министерот за здравство“,
заклучи д-р Ѓорески.
Според него, им пречат повеќе работи во сегашниот Колективен договор.
Потенцира и дека многумина работат во здравството и по десет години со нерешен работен статус.
Поради сево ова, како што нагласи, голем дел од медицинскиот персонал си заминува и има недостиг на кадар, на штета на пациентите.
И пред неколку месеци здравствените работници најавуваа протести откако се пожалија на аномалии во колективните договори.