Според американскиот речник „Мериам-Вебстер“, зборот „пандемија“ е најупотребуваниот збор во 2020 година.
„Понекогаш еден збор дефинира цела ера и логично е во оваа исклучително тешка година еден збор да избие на врвот“,
велат од компанијата.
Авторите ги анализирале информациите за тоа кој збор најчесто се пребарувал во речникот на интернет и заклучиле дека тоа е зборот „пандемија“.

Првиот пат кога има зголемен број пребарувања на зборот е 3 февруари, а поголема зачестеност имало од 20 јануари годинава, што се совпаѓа со периодот кога се регистрирани првите случаи на инфекција со коронавирус во САД.
Речникот „Мериам-Вебстер“ го објавува рангирањето „Збор на годината“ од 2003 година.
Во 2019 година збор на годината беше заменката „тие“ ( „they”).
