Утре на 11 јуни матурантите ќе го полагаат вториот екстерен испит од државната матура. Задолжителниот испит по мајчин јазик над 15 000 матуранти го полагаа на 31 мај
Полуматурантите, пак, овој месец треба да се запишуваат во прва година средно образование. Во јуни ќе има две електронски пријавувања на учениците
За учениците од основните и средните училишта денеска е последниот училиштен ден од учебната 2024/2025 година. До 31 август тие ќе бидат на летен распуст.

Наставата за матурантите заврши на 16 мај. Утре на 11 јуни ќе го полагаат вториот екстерен испит од државната матура. Задолжителниот испит по мајчин јазик над 15 000 матуранти го полагаа на 31 мај.
Полуматурантите, пак, овој месец треба да се запишуваат во прва година средно образование.
Пријавувањето се прави преку линкот https://euslugi.mon.gov.mk/ со посебна најава за средношколци преку сопствените кориснички сметки на schools.mk.
Во јуни ќе има две електронски пријавувања на учениците.
Според Конкурсот на на Министерството за образование и наука (МОН), првото ќе биде од 00:00 часот на 14 јуни до 23:59 часот на 17 јуни, а доставувањето на потребната документација до училиштата е на 18 јуни и 19 јуни.
Второто пријавување во јунскиот рок ќе се врши на 30 јуни, а документите ќе ги доставуваат следниот ден, 1 јули.