Веднаш по добиените пријави, од полициски службеници се преземени мерки за безбедно евакуирање на училиштата, а потоа се извршени и детални проверки од тимови за антитерористички проверки и утврдено е дека станува збор за лажни пријави, информираат од МВР
Во четирите средни училишта во Скопје до кои стигнаа дојави за бомби завршени се антитерористичките проверки и е утврдено дека станува збор за лажни дојави, истакнаа попланево од Министерството за внатрешни работи.
„Веднаш по добиените пријави, од полициски службеници се преземени мерки за безбедно евакуирање на училиштата, а потоа се извршени и детални проверки од тимови за антитерористички проверки и утврдено е дека станува збор за лажни пријави“,
наведува МВР во известувањето.
Дојавите за бомби попладнево, околу 14 часот, беа испратени до четири средни училишта по што беше извршена евакуација на учениците и вработените. Училиштата до кои беа испратени дојавите се „Орце Николов“, „Никола Карев“, „Здравко Цветковски“ и „Јосип Броз Тито“.
МВР завчера доби пријави од девет училишта на територија на главниот град дека на нивните електронски адреси добиле порака со закана за поставена бомби, а по завршените антитерористички проверки беше утврдено дека станува збор за лажни пријави.
Дојавите за поставени бомби во средни училишта во Скопје почнаа на 26 октомври и оттогаш речиси секој ден по неколку гимназии во главниот град добиваат вакви закани, кои по антитеристичките проверки на полицијата се покажаа како лажни.