Делегација на СПЦ предводена од патријархот Порфириј денеска треба да пристигне во Скопје, а утре тој заедно со архиепископот Стефан треба да сослужува на заедничка литургија во Соборниот храм „Свети Климент Охридски“

Српската православна црква (СПЦ) го заврши мајскиот Собор, но во официјалното соопштение нема дополнителни информации дали е донесена одлука со која СПЦ ќе ја претстави МПЦ-ОА пред Вселенската патријаршија за автокефалност, јавува порталот Религија.мк.
Единствената реченица во официјалното соопштение каде што се споменува МПЦ-ОА гласи:
„Следниот благодатен и благословен настан на Соборот беше заедничкото сосолужување на соборната света литургија во храмот на свети Сава на Врачар по воспоставувањето на евхаристичкото општење и канонското единство помеѓу Српската православна црква и Македонската православна црква, како таа се нарекуваше по прекинот на општењето од 1967 година. Литургијата ја служеше патријархот српски г. Порфириј во сослужение на архиепископот охридски и македонски г. Стефан заедно со голем број архиереи, свештеници и ѓакони“.
Делегација на СПЦ предводена од патријархот Порфириј денеска треба да пристигне во Скопје, а утре тој заедно со архиепископот Стефан треба да сослужува на заедничка литургија во Соборниот храм „Свети Климент Охридски“.
Минатата недела двете цркви, предводени од поглаварите, одржаа литургија на помирување и во храмот „Свети Сава“ во Белград.
Заедничките литургии во Белград и Скопје следуваат откако на 9 месецов, Вселенската патријаршија донесе одлука за признавање на црковната јерархија на Охридската архиепископија предводена од архиепископот Стефан за канонска и валидна во сеправославниот свет.
- СПЦ и МПЦ-ОА во соборниот храм „Свети Сава“ во Белград служат литургија на помирување
- (ВИДЕО) Архиепископот Стефан со порака од Белград: Благодарност до СПЦ што ја поздрави одлуката на Вселенската патријаршија
- Порфириј: Ја исцеливме раната што нè болеше 55 години
- Јован Вранишковски: Денеска сум порадосен отколку денот кога добив томос за автономија на ПОА
Заедничкото сослужување денеска го поздрави и вселенскиот патријарх Вартоломеј кој рече дека тоа може да се оцени како чин на помирување и соработка кој се случи, како што наведе, само неколку дена по неговата историска одлука во однос на црквата во Северна Македонија.