За време на распитот, Папазов дал определени појаснувања и сознанија, а таквиот исказ, како што додаваат од Обвинителството, се споредува со доказниот материјал и надлежностите на општината
Завршен е распитот на градоначалникот на Општина Кочани, Љупчо Папазов, информираа вечерва од Основното јавно обвинителство на Република Северна Македонија.

За време на распитот, Папазов дал определени појаснувања и сознанија, а таквиот исказ, како што додаваат од Обвинителството, се споредува со доказниот материјал и надлежностите на општината.
„…По што ќе биде донесена одлука за неговиот натамошен статус во постапката“,
додаваат од републичкото обвинителство.
Во меѓувреме се врши распит на други лица.
Претходно вечерва на распит во Основниот суд во Кочани беа спроведени поранешниот министер за економија Крешник Бектеши, ексдиректорот на Државниот пазарен инспекторат, Горан Трајковски и уште едно лице.
Инаку, градоначалникот на Кочани утринава објави дека поднесува неотповиклива оставка од функцијата по трагедијата што викендов го снајде градтот, а во која животите ги загубија 59 лица, а над 150 се повредени.