Право на глас во вториот круг имаа 1 013 375 гласачи
Вечерва во 19 часот се затворени избирачките места на кои граѓаните денеска гласаа во вториот круг од локалните избори. Во 32 општини и Градот Скопје се гласаше за избор на градоначалник, а прегласување за избор на советници имаше на три избирачки места во скопско Шуто Оризари.

По затворањето на избирачките места ќе може да гласаат само граѓаните кои во тој момент се затекнале во објектот каде што се гласа.
Втор круг за избор на градоначалник имаше во Аеродром, Боговиње, Брвеница, Валандово, Виница, Дебар, Дебарца, Демир Капија, Карпош, Кичево, Конче, Кочани, Крушево, Куманово, Лозово, Македонска Каменица, Македонски Брод, Могила, Неготино, Пробиштип, Ранковце, Росоман, Струга, Студеничани, Тетово, Центар, Чешиново-Облешево, Чучер Сандево, Шуто Оризари, Долнени, Дојран, Зрновци и Градот Скопје.
Право на глас во вториот круг имаа 1 013 375 гласачи.
Излезеноста на гласачите до 17 часот изнесуваше 34,62 отсто, а на ниво на Град Скопје 28,52 отсто.
