„Смртоносна бактерија ‘птичји грип’ е најдена во Зоолошка градина Скопје“, објави на Фејсбук поранешниот директор Ѓорѓи Галетановски. „360 степени“ се обиде да стапи во контакт со раководството на Зоолошката градина, но директорот не одговараше на нашите телефонски повици

Поранешниот директор на Зоолошката градина Скопје, Ѓорѓи Галетановски, на својот фејсбук-профил денеска објави дека во скопската зоолошка е пронајдена, како што вели, смртоносна бактерија „птичји грип“.
Во објавата тој соопштува дека зоолошката сега е затворена, а посетителите се евакуирани.
„Смртоносна бактерија ‘птичји грип’ е најдена во Зоолошка градина Скопје. Во моментов зоолошката е затворена, посетителите евакуирни, инспектори се веќе влезени. Ги замолувам посетителите и колегите, сите што ја посетиле деновиве, да се проверат“,
напиша Галетановски.
„360 степени“ се обиде да стапи во контакт со раководството на Зоолошката градина, но директорот не одговараше на нашите телефонски повици.
Поратлот „sdk.mk“ објави дека според вработени во зоолошката, од Агенцијата за храна и ветеринарство е утврден птичји грип кај гуска што долетала во езерцето однадвор. Инспектори од Агенцијата извршиле увид, по што, како што раскажуваат вработените, убиени се сите птици кои се наоѓале во езерото поради контакт со заразената гуска. Директорот на Агенцијата за храна и ветеринарство, Оливер Миланов, пак, за порталот не сакал да потврди дали станува збор за случај на птичји грип најавувајќи дека за еден час ќе има официјално соопштение.