Според германскиот весник „Билд“, аеродромот утринава повторно е отворен

Сообраќајот на аеродромот во Минхен во текот на ноќта бил прекинат поради прелет на дрон, чие потекло е под истрага, вели портпарол на германската полиција во изјава за агенцијата Франс прес (АФП).
Според соопштението на аеродромските власти, 17 летови што тргнувале од Минхен биле откажани во текот на ноќта, а со нив требало да патуваат речиси 3 000 патници.
Петнаесет летови што требало да слетаат во Минхен биле пренасочени кон Штутгарт, Нирнберг, Виена или Франкфурт.
After reported drone sightings over Munich Airport earlier this evening the airport remains closed until 0259 UTC this morning. 14 flights were diverted. https://t.co/CFDGoduFWa pic.twitter.com/b5hwFI4xVZ
— Flightradar24 (@flightradar24) October 3, 2025
Според германскиот весник „Билд“, аеродромот утринава повторно е отворен.
„Вчера околу 21:30 часот, неколку лица забележаа дронови во близина на аеродромот. Баварските власти започнаа истрага за да ги идентификуваат дроновите и нивното потекло. Дроновите потоа беа повторно забележани, овој пат над аеродромската област, што доведе до затворање на двете писти околу 22:30 часот. Почна масовно пребарување, во кое беа вклучени полицајци, но и хеликоптери. И покрај нивните напори, полицијата досега не можеше да ги пронајде ниту дроновите ниту луѓето што ги управуваа“,
потврдува портпаролот на полицијата.
Аеродромските власти во соопштението велат дека на патниците што останале во Минхен им биле обезбедени креветчиња, ќебиња, пијалаци и закуски.
Инцидентот се случи пред последниот викенд од Октоберфест, кој привлекува стотици илјади луѓе во Минхен секој ден.
Фестивалот на пивото во баварскиот град во средата беше затворен половина ден по закана со бомба.
Германија е во високо ниво на тревога поради заканата со беспилотни летала откако неколку европски земји, вклучувајќи ги Полска и Данска, пријавија неодамнешни руски упади во нивниот воздушен простор.
Во четврток, лидерите на 27-те земји од ЕУ се состанаа во Копенхаген за да разговараат за зголемениот број упади и да разговараат за поставување „ѕид против беспилотни летала“.