Кривичниот оддел на Апелацискиот суд во Скопје и наредната недела нема да работи, соопшти денеска скопска Апелација, без да објави детали за причините.
Но како што објави Телма, причина за затворање на овој оддел е тоа што тројца судии се заразени со коронавирус, а останатите петмина се во самоизолација.
Претходно уште една судијка во кривичниот оддел била позитивна на ковид – 19.
