Од ТАВ ја информираат јавноста дека согласно новите владини препораки против коронавирусот, се затвора аеродромот во Охрид, а сите авиокомпании ги известиле дека опција за пренасочување на летовите останува Меѓународниот Аеродром Скопје.
„ТАВ Македонија одлучи да го затвори Аеродромот во Охрид почнувајќи од полноќ – 15.3.2020 година, со цел да ги поддржи владините напори за спречување на ширење на коронавирусот. Како аеродромски оператор, за оваа одлука ги известивме сите авиокомпании кои летаат од/до аеродромот Св. Апостол Павле и им го понудивме Меѓународниот аеродром Скопје како опција за пренасочување на нивните летови“,
соопштија од ТАВ.
Во соопштението ги наведуваат утрешните летови кои требаше да се реализираат од Охридскиот аеродром и времиња на пристигнување, за кои апелираат граѓаните да ги контактираат авиокомпаниите.
Виена – 7 часот и 50 минути -Визер
Цирих – 8 часот и 55 минути – Еделвајс
Малме – 17 часот и 35 минути – Визер
Базел – 18 часот и 30 минути – Визер
Одлуката за затворање на охридскиот аеродром беше донесена вчера на владина седница, на која се донесе и забрана за работа на сите продавници во трговските центри, рестораните и кафулињата со цел да се спречи ширењето на вирусот.