Носењето заштитна опрема за покривање на носот и устата е задолжително во сите јавни затворени простори, како и на отворени простори каде што нема можност за одржување дистанца
Се поголема е бројката на регистрирани прекршоци во однос на (не)почитување на мерката за носење заштитна маска како превентива од ширење на заразата со ковид-19. Во текот на изминатиот ден полицијата фатила речиси 1 000 лица кои не носеле маски согласно со протоколите.
Од МВР соопштија дека во текот на изминатото деноноќие на територијата на држвава, во однос на мерката за носење лична заштита на лице, регистрирани се 927 прекршоци.
Министерството за внатрешни работи апелира до граѓаните да ги почитуваат мерките и протоколите донесени од Владата со цел справување со ковид-19.
Казната за неносење маска изнесува 20 евра, а ако се плати на самото место тогаш е 10 евра.
Носењето заштитна опрема за покривање на носот и устата е задолжително во сите јавни затворени простори како што се средства за јавен превоз, маркети, банки, пошти, амбуланти, болници, институции, како и на отворени простори каде што нема можност за одржување дистанца од два метри помеѓу граѓаните како што се пазари, отворени трговски центри, тесни улици, автобуски постојки и слично.