Командирот Звонко Томески додаде дека и покрај високите температури во објектот за време на интервенцијата пожарот бил ставен под контрола за релативно кратко време. Во гаснењето на пожарот учествувале вкупно 24 пожарникари со девет противпожарни возила
Причините за избувнувањето на пожарот во Универзалната сала сè уште не се познати, а нив дополнително ќе ги утврдат полициските екипи, вели командирот на скопската противпожарна бригада Звонко Томески во изјава за медиумите. Пријавата за пожарот, како што рече тој, стигнала утринава во 9:50 часот.

„Веднаш беа испратени две противпожарни возила од блискиот потцентар во населбата Тафталиџе коишто уште при доаѓањето забележаа висок столб од чад и веднаш побараа дополнителна помош“,
вели Томески.
Во гаснењето на пожарот, како што дополни, учествувале вкупно 24 пожарникари со девет противпожарни возила.
Томески додаде дека и покрај високите температури во објектот за време на интервенцијата пожарот бил ставен под контрола за релативно кратко време.
„Не знаеме што сè имало внатре бидејќи настана колапс на кровната конструкција, сè уште се работи на догасување, има висока температура сè уште во објектот, не може да се пристапи до сите места. Она што е важно за нас е дека интервенцијата е успешна од аспект на брзина на интервенирање и тоа што нема повредени пожарникари и граѓани“,
вели командирот на скопската противпожарна бригада.
Томески ја искористи можноста да им заблагодари на полициските службеници и на јавните претпријатија „Комунална хигиена“ и „Водовод и канализација“ кои, како што рече, се потрудиле континуирано да ги снабдуваат со вода за интервенцијата да биде што е можно поуспешна.
Упати и порака до надлежните институции да одобрат вработувања во противпожарните единици бидејќи, како што кажа, во пресрет на летната сезона се потребни повеќе пожарникари за да може да одговорат на сите барања.
Поврзани вести:
- (ФОТО) Гори Универзална сала
- (ВИДЕО) Голем пожар во Универзална: Пристапот на пожарникарите отежнат од лимените огради и паркираните возила
- (ВИДЕО) Почна гасењето на пожарот во Универзалната сала
- (ВИДЕО) Поранешниот директор на Универзална сала: Жално, објектот требаше да се реконструира уште пред 30 години
- (ВИДЕО) Локализиран пожарот во Универзалната сала
- Арсовска: Две години јавно зборуваме дека проектот за Универзалната сала е погрешен и небезбеден, МВР да ги истражи причините за пожарот
- Гореше старата конструкција во Универзална, вели сопственикот на фирмата што ја реконструира
- (ВИДЕО) Во пожарот нема повредени и жртви, предизвикана е само материјалната штета, вели Костадиновска-Стојчевска