За нови болнички кревети во спортските сали, како „Борис Трајковски“ и онаа во Аеродром, засега не се размислува, вели в.д. директорот на Центарот за управување со кризи Стојанче Ангелов.
Во интервју за ТВ 24 денеска, тој рече дека во овој момент воопшто не е разговарано на оваа тема бидејќи проценките на Комисијата за заразни болести е дека, иако бројот на ковид-болни е висок, состојбата е под целосна контрола.
„Нашите заложби се во насока да ја подигнеме свеста кај граѓаните за почитување на заштитните мерки, и тоа е вистинскиот рецепт како да го заштитиме нашето здравје. Ако бројот на болни почне нагло да расте, имаме уште неколку приватни и државни болници кои може да се пренаменат во ковид центри. Во Скопје има една таква приватна болница, а има и други надвор од Скопје. Некои зборуваат и за касарни, но тоа се објекти кои воопшто не одговараат за болни“,
истакна Ангелов.