Причина се загубите за време на пандемијата. Во првиот квартал на 2020 година продажбата била намалена за 44 отсто во споредба со истиот период лани
Светски познатиот моден бренд „Зара“ ќе затвори 1 200 свои продавници, претежно на европскиот и азискиот пазар, како резултат на загубите направени за време на пандемијата на ковид-19, јави агенцијата Анса.
„Зара“, која е водечки бренд на групата „Индитекс“, која ги има брендовите „Пул енд Беар“, „Страдивариус“, „Бершка“, „Ојшо“, „Зара хоум“, „Масимо Дути“ и „Утерк“, во првиот квартал од оваа година имаше продажба за 44 проценти помала во однос на истиот период минатата година.
Првата продавница на „Зара“ беше отворена во 1975 година во градот Ла Коруња, Шпанија, а проширувањето на мрежата на продавници во светот започна во 90-тите години на минатиот век.
Денес „Зара“ има 7 500 продавници во 96 земји, а вработува 173 000 работници.