Преговорите меѓу руската и украинската делегација почнаа денеска во Беловежскаја Пушча во Белорусија во близина на границата со Полска, јави ТАСС.
Претходно локацијата и точното време на разговорите не беа соопштени.
Ова е трета рунда преговори меѓу двете делегации откако Русија ја нападна Украина.
Двете делегации последен пат се состанаа во регионот Брест во западна Белорусија и се договорија да има хуманитарни коридори за градовите Мариупол и Волноваха за да се олесни евакуацијата на цивилите.
Сепак, обидот за евакуација на Мариупол не успеа, а Русија и Украина ја меѓусебно се обвинуваа за непридржување кон договорениот прекин на огнот.
И на претходната средба на полско-белоруската граница не беше постигнат договор за прекина борбите, но двете страни се договорија да формираат „хуманитарни конвои“ за евакуација на цивилите.