Како што информираат од Управата, царинските службеници на граничните премини и мобилните царински тимови годинава заклучно со септември откриле 63 случаи на повреда на право од интелектуална сопственост, при што се запленети речиси 78 илјади производи со потпис на познати трговски марки.
Над илјада парчиња часовници со потписи на трговските марки „Ролекс“, „Бос“, „Армани“ и „Томи Хилфигер“ се запленети при контрола на стока пријавена за транзит на граничниот премин „Богородица“ на македонско-грчката граница.

Обидот за шверц на вкупно 1 158 часовници бил откриен од мобилен царински тим, кој откако се посомневал во содржината на пратката, извршил детален преглед, при што биле пронајдени часовници чија пријавена вредност согласно фактура издадена од фирма од Кина изнесува 60 852 денари или околу 1 000 евра.
Поради основано сомневање за повреда на право од интелектуална сопственост, стоката е задржана, а Царинската управа започнала постапка за утврдување на оригиналноста на производите.
Инаку, како што информираат од Управата, царинските службеници на граничните премини и мобилните царински тимови годинава заклучно со септември откриле 63 случаи на повреда на право од интелектуална сопственост, при што се запленети речиси 78 илјади производи со потпис на познати трговски марки. Од нив, во 37 случаи веќе е утврдено дека станува збор за фалсификати на вкупно 27 329 производи.

„Годинава заклучно со септември откривме 63 случаи на повреда на право од интелектуална сопственост, што е за над 40 проценти раст во однос на минатата година кога во овој период се откриени 44 случаи на повреда на право од интелектуална сопственост. Половина од случаите или точно 32 случаи годинава се откриени од нашите мобилни царински тимови. Овие резултати јасно ги потврдуваат нашите напори во борбата против трговијата со фалсификати“,
вели директорот на Царинска управа, Бобан Николовски.