Во текот на раните утрински часови на паркингот во затворот „Идризово“ се запалило возило, а сопственикот при гаснењето на пожарот се здобил со изгореници, информираат од МВР.
„На 16 јуни во 1.50 часот во СВР Скопје било пријавено дека во кругот на затворот ‘Идризово’, на паркингот зад управната зграда, било опожарено возило ‘фиат пунто’ со скопски регистарски ознаки, сопственост на вработен во затворот. Пожарот бил локализиран од страна на Бригадата за противпожарна заштита и од сопственикот, кој при гаснење на пожарот се здобил со повреди. Се преземаат мерки за расчистување на случајот“,
се вели во соопштението на МВР.
Медиумите шпекулираат дека возилото, всушност, му припаѓало на дежурниот командир на затворот „Идризово“, но засега нема официјална потврда за тоа.