Оставки речиси истовремено поднесе и раководството на Клиничката болница во Тетово, а Филипче закажа прес-конференција во 19 часот
Уште една оставка поради пожарот во Тетово, стигна попладнево. Заменик-министерот за здравство, Илир Хасани, објави дека од морални причини се повлекува од функцијата.
„Во овие моменти толку тешки за сите нас, поднесувам оставка како највисок морален чин. И покрај фактот дека немам ништо со процедурите за формирање на модуларна болница, иако немам никаква врска со организацискиот дел, оставката е најмалиот чин што можам да го направам во моментов“,
пишува Хасани.
Речиси истовремено оставки поднесе и раководството на Клиничката болница во Тетово односно медицинскиот и економскиот директор, Флорин Бесими и Артан Етеми.
Министерот за здравство, Венко Филипче, пак, во 19 часот закажа прес конференција.