Причината за заматувањето на водата за пиење, како што информираат од „Комуналец“, се обилните дождови на изворите Лукар

Водата за пиење во Кавадарци е заматена и пред употреба треба да се преврива, информираат од јавното претпријатие „Комуналец“ од Кавадарци.
Причината за заматувањето на водата за пиење, како што информираат од „Комуналец“, се обилните дождови на изворите Лукар.
„Состојбата со водата за пиење постојано се следи и кога ќе дојде до нејзина нормализација ќе ја известиме јавноста“,
додаваат од комуналното претпријатие.
Од кабинетот на градоначалникот на Кавадарци, Митко Јанчев, велат дека два дена Тиквешијата е зафатена од обилни врнежи, а најголема количина е регистрирана на мерните станици во селото Раец каде што се измерени 145 литри на метар квадратен.
„Оваа количина на вода предизвика излевање на Раечка река и поплавување на голем дел од земјоделските површини во атарот на Раец и селото Дреново. Се апелира до населението да не се движи во близина на речното корито во тој предел, бидејќи водостојот на реката е се уште голем и водата од земјоделските површини не е повлечена“,
информираат од Општина Кавадарци.

