Со тоа, Трамп и новоизбраниот потпретседател Џеј Ди Венс треба да положат заклетва внатре во Капитол. Тимот на Трамп е во преговори за можноста дел од настаните да се одржат во арената „Капитол уан“, каде тој ќе одржи митинг в недела
Се очекува заклетвата на инаугурацијата на новоизбраниот претседател Доналд Трамп да биде преместена во затворен простор, поради екстремно ниските температури најавени за в понеделник во Вашингтон, пишува Си-ен-ен.
Со тоа, Трамп и новоизбраниот потпретседател Џеј Ди Венс треба да положат заклетва внатре во Капитол. Тимот на Трамп е во преговори за можноста дел од настаните да се одржат во арената „Капитол уан“, каде тој ќе одржи митинг в недела.

Информацијата ја потврди и новоизбраниот претседател.
„Наредив инаугурациското обраќање, покрај молитвите и другите говори, да се одржи во Капитол Ротонда на Соединетите Држави, кое го користеше Роналд Реган во 1985 година, исто така поради многу студено време“,
напиша тој на својата социјална мрежа.
Најави дека в понеделник ќе ја отворат арената „Капитол уан“ за гледање во живо на овој историски настан и да бидат домаќини на Претседателската парада.
„Ќе им се придружам на присутните во ‘Капитал уан‘, по мојата заклетва“,
рече тој.
Тој и организаторите на настанот се загрижени поради тоа што ниските температури претставуваат ризик по здравјето на присутните и гостите.
Последниот американски претседател кој положи заклетва во затворен простор беше Роналд Реган во 1985 година, кога дневните температури се спуштија на 7 степени со силен ветер. Реган положи заклетва во ротондата на Капитол. Неговата инаугуративна парада беше откажана.
Оваа година, температурата на Денот на инаугурацијата напладне, кога новоизбраниот претседател полага заклетва, се очекува да биде ниска, а прогнозата вели и дека ќе има силни ветрови.
