Опозицијата во градското собрание на Нови Сад смета дека градоначалникот Ѓуриќ има политичка одговорност за трагедијата
На трети декември е закажана седница на градското собрание на Нови Сад на која ќе се расправа за разрешувањето на градоначалникот Милан Ѓуриќ, поради падот на натстрешницата на Железничката станица во Нови Сад кога загинаа 15 лица, а уште две се тешко повредени.

Опозицијата, активисти и граѓани на протести бараат оставка од Ѓуриќ.
Опозицијата во градското собрание на Нови Сад смета дека градоначалникот Ѓуриќ има политичка одговорност за трагедијата.
Во рамки на истрагата за уривањето на настрешницата, тринаесет лица се во притвор. Меѓу нив се министерот за градежништво во оставка, Горан Весиќ, поранешниот директор на српската железничка инфраструктура Небојша Шурлан и актуелната директорка во оставка, Јелена Танасковиќ.
