Дел од објектите се во строгиот центар на градот, а досега биле проверени пет, но не било пронајдено ништо сомнително
Во најмалку десет хотели во Солун вечерва, преку електронска пошта, биле испратени закани дека се поставени бомби, а полицијата превентивно ги евакуира и ги проверува објектите, објави грчката новинска агенција АНА-МПА, како што пренесува МИА од Атина.
Дел од хотелите се во строгиот центар на градот, а досега биле проверени пет но не било пронајдено ништо сомнително.
Според информациите во солунските медиуми, мејлови со дојави за бомба биле испратени прво во три хотели, подоцна уште во три, па во уште четири хотели.