Пораките за подметнати бомби биле испратени на официјалните електронски адреси на училиштата
Закани за бомби утринава биле стигнати во неколку училишта во повеќе градови во Бугарија.
Станува збор за училишта во Стара Загора, Враца, Варна, Перник и во Софија.
Пораките за подметнати бомби биле испратени на официјалните електронски адреси на училиштата.
Од бугарското Министерство за внатрешни работи, како што пренесува бугарската агенција БТА, без да дадат точен број на училишта каде што се стигнати дојавите, велат дека веднаш откако ги добиле информациите за поставените бомби екипите реагирале и се проверуваат локациите.
Од Министерството за образование и наука велат дека наставата во училиштата е прекината додека трае увидот и оти таа ќе продолжи по проверките.