Москва не доставила докази за да ги поткрепи своите тврдења дека Украина се обидела да ја нападне резиденцијата на Путин
Русија ќе одговори на она што го опиша како обид за украински напад врз резиденцијата на претседателот Владимир Путин, изјави вчера портпаролката на Министерството за надворешни работи Марија Захарова.

„Ќе има одговор на ова. Во време кога Западот беше навистина подготвен да направи грешки…, сфаќајќи ја потребата да се стреми кон мир и да води сложени, предизвикувачки, повеќеслојни преговори, овој терористички ренегат (украинскиот претседател Володимир Зеленски) спроведува вакви напади. Ова е демонстративно“,
рече Захарова на националната телевизија.
Москва не доставила докази за да ги поткрепи своите тврдења дека Украина се обидела да ја нападне резиденцијата на Путин.
Според наводите на рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров, нападот се случил во текот на ноќта со 91 беспилотно летало со долг дострел, но сите биле уништени од руската воздушна одбрана и поради тоа нема жртви и не е предизвикана штета.
Шефот на руската дипломатија рече дека по нападот со беспилотни летала, позицијата на Москва во однос на преговорите со Украина ќе биде променета.
Киев ги отфрли тврдењата на Русија како неосновани и насочени кон попречување на мировните преговори.
