Мерц во интервју за јавниот радиодифузен сервис ЗДФ изјави дека Израел со нападот врз Иран ја врши валканата работа за целиот Запад и додаде дека има големо почитување кон Израел за неговата храброст во тоа

Портпаролката на руското Министерство за надворешни работи Марија Захарова, ја коментираше изјавата на германскиот канцелар Фридрих Мерц за конфликтот меѓу Иран и Израел.
За потсетување, Мерц во интервју за јавниот радиодифузен сервис ЗДФ изјави дека Израел со нападот врз Иран ја врши валканата работа за целиот Запад и додаде дека има големо почитување кон Израел за неговата храброст во тоа.
Тој, исто така, нагласи дека би било добро ако дојде крајот на иранскиот режим.
„Се справуваме со терористички режим, и внатре и надвор. Би било добро ако овој режим заврши“,
рече германскиот лидер.
По ова, стигна реакција од Москва.
„Мерц за конфликтот на Блискиот Исток рече: ‘Ова е валканата работа што Израел ја прави за сите нас’. Најстрашната фраза што некогаш сум ја слушнала. Ова го кажува потомок на нацисти, чиј дедо, Јозеф Пол Совињи, додека бил градоначалник на Брилон за време на третиот рајх, именувал улици по Хитлер и Гебелс“,
напиша Захарова на Телеграм.
Таа забележа дека Јоаким Мерц, таткото на сегашниот германски канцелар, исто така се борел против Црвената армија како член на Вермахтот.
„Истата Црвена армија што ги спаси затворениците од концентрационите логори од она што подоцна ќе се нарече холокауст“,
рече таа.