Поранешната министерка за надворешни работи на Фејсбук напиша дека резаговарала со организациите на Бугарите во С Македонија кои сметаат дека податоците се фалсификувани
Податоците според кои во РС Македонија има само 3 504 Бугари се фалсификувани и здруженијата на Бугарите во земјава наскоро ќе излезат со официјален став. Ова на Фејсбук го напиша поранешната министерка за надворешни работи и пратеничка на ГЕРБ, Екатерина Захариева, истакнувајќи дека за резултатите од пописот разговарала со организиациите на Бугарите во Северна Македонија.
„Најчудно е што не се бројат Бугарите кои се надвор од државата, за разлика од другите етнички групи. Не треба да заборавиме дека во последните 15 години 86 566 граѓани на РСМ добиле бугарско државјанство, изјавувајќи пред нашите власти дека се идентификуваат како Бугари“,
напиша таа во својата објава.
„За жал, уште еднаш сме сведоци на старата државна политика – дискриминација на Македонците со бугарска самосвест и обид за нивно маргинализирање“,
додаде Захариева.
Таа понатаму вели дека ваквото мешање во правото на самоопределување е апсолутно неприфатливо и е во спротивност со вредностите на Европската Унија и дека крајно време е „да сфатат дека Бугарите во Северна Македонија не се закана, туку мост меѓу нашите две земји“.
Претходно и лидерот на „Има таков народ“ Слави Трифонов на Фејсбук ги критикуваше податоците од пописот за Бугарите во земјава и напиша дека ако Северна Македонија сака да биде нормална, европска земја, дел од Европската Унија, нејзините граѓани мора да можат слободно да се самоопределуваат и нивните права не смеат да бидат прекршени. Во спротивно ќе остане во Западен Балкан.
Вкупно 3 504 лица што живеат во земјава се изјасниле како етнички Бугари за време на пописот во земјава од 5 до 30 септември минатата година. Според податоците што ги презентира ДЗС, тоа е 0,19 отсто од вкупното резидентно население во земјава. Од нив повеќето се мажи 2 121, а 1 383 се жени.
Во споредба со пописот од 2002 година повеќе од двојно e зголемен бројот на лица кои се изјасниле како етнички Бугари, односно тогашната бројка е 1 487.