Се работи за анонимна дојава, а на самото место пред „Арена“ е и загрепскиот градоначалник Томислав Томашевиќ
Хрватската полиција го евакуира трговскиот центар „Арена“ во Загреб откако добила дојава за две бомби, јави индекс.хр.
Се работи за анонимна дојава, а на самото место пред „Арена“ е и загрепскиот градоначалник Томислав Томашевиќ.
Припадниците на специјалната единица во полициската управа во Загреб се на местото на настанот, а зградата на трговскиот центар, вклучувајќи ја и подземната гаража, се испразнети, додава полицијата.
И „Вечерњи лист“, повикувајќи се на неофицијални извори пренесува дека полицијата добила дојава за две експлозивни направи, а специјалната единица на МВР со кучиња трагачи го „чешла“ трговскиот центар во потрага по потенцијална закана.