Освен 68-годишникот, во несреќата бил повреден и сопатникот на мотоциклот, 26-годишниот Х. И., кој бил пренесен во старата градска болница „Св. Наум Охридски“

Шеесет и осумгодишниот Ј. Н. е починат откако вчера околу 19:30 часот мотоцикл удрил во него во близина на улицата „Ленинова“ во Скопје, информираат од Министерството за внатрешни работи (МВР).
Лицето, како што велат од полицијата, по ударот било пренесено во Kлиничкиот центар „Мајка Тереза“, каде што починал поради здобиените повреди .
Мажот бил удрен на пешачка патека од мотоцикл „кавасаки“ со скопски регистарски ознаки, по што мотоциклистот го напуштил местото на настанот.
Освен 68-годишникот, во несреќата бил повреден и сопатникот на мотоциклот, 26-годишниот Х. И., кој бил пренесен во старата градска болница „Св. Наум Охридски“.
Од полицијата велат дека бил извршен увид од страна на екипи на СВР Скопје и оти се преземаат мерки за расчистување на случајот.